Скопската полиција поднесе кривични пријави против двајца тетовци фатени со марихуана во автомобилот на почетокот на месецов.
„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Е.(28) и А.А.(29), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ’неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори’. На 04.07.2024 од полициски службеници било запрено патничко возило, управувано од пријавениот, кај кого при извршен преглед била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти денес Министерството за внатрешни работи.