ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против 32-годишната В.Ѓ.М. од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик, извести МВР.
На 10.09.2024 околу 03.15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60-годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава, соопшти МВР.