Кривична за две лица: поради несовесно работење направиле штета од над 500.000 денари

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР-Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид, за кривично дело „несовесно работење во службата“.


Двајцата, вработени во градежната фирма „Синохидро“, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца.

Со тоа, предизвикале материјална штета од околу 502.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK