ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.М. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, извести МВР.
„Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари“, соопшти МВР.