Кривична против охриѓанец, запалил возило сопственост на Шумска полиција

opozareno-vozilo2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот С.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, извести СВР Охрид.


„Тој, на 17.02.2024 на улицата „Серафим Китаноски“ во Охрид со запалива течност предизвикал пожар на паркирано патничко моторно возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција – Охрид“, соопшти СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK