Кривична против охриѓанец: по расправија турнал жена од тераса, скопјанката со тешки повреди заврши во болница

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести СВР Охрид.


„На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело“, соопшти СВР Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK