СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишниот Б.Б. од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, извести МВР.
„На 05.08.2023 на регионалниот пат Боговиње – Камењане, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со пиштол се заканил на друго лице“, соопшти МВР.