Кривична против маж од Косово, за давање поткуп на полицаец

Уапсен-маж-од-Косово-на-Долно-Блаце-при-контрола-дал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Х.(55) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.


На 04.10.2024 тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола на Граничен премин Долно Блаце, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK