Кривична против маж од Беровско за насилство врз дете: го удрил по главата со тврд предмет оти забележал дека фрла камења кон неговото куче

Dete.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 67-годишниот В.П. од село Будинарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, извести МВР.


„На 05.08.2024 во село Будинарци, беровско, откако пријавениот го забележал детето како со камења фрла кон неговото куче, со тврд предмет го удрил по главата“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK