Кривична против 27-годишник од Кичево, запалил електричен кабел по што избувнал пожар кој се проширил на околу 10.000 метри квадратни

pozar-zajas.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 27-годишниот Р.Х. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, извести МВР.


„На 26.08.2024 во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, пријавениот запалил електричен кабел, по што избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу 10.000 метри квадратни“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK