Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

mvr_768687676
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и против С.Ш.(41) од скопско Блаце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина” по член 380 од Кривичниот законик.

Како што информираа денеска од МВР, првопријавениот, вработен како референт за управни работи во станица за технички преглед, на 26.06.2023 издал сообраќајна дозвола за товарно возило со скопски регистарски ознаки и ја заверил со службен печат на МВР, со која потврдил дека возилото е технички исправно и со валидна регистрација, иако возилото воопшто не било поминато на технички преглед.


Таквата невалидна сообраќајна дозвола, појаснуваат од МВР, му ја дал на второпријавениот, кој ја приложил на 27.06.2023 на увид на полициските службеници при сообраќајна контрола како доказ дека возилото е со важечка регистрација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK