Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против Г.Ф., И. Х. и Б.Н., полициски службеници во СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 ст.1 од КЗ на РСМ, извести МВР.
– Имено, пријавените во својство на полициски службеници, пречекорувајќи ги границите на своите службени овластувања на 01.09.2023 во 21 часот над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, неосновано и прекумерно употребиле физичка сила, соопшти МВР.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе бидат преземени мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.