– Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Како што денеска информираа од МВР, пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од категорија „Б” и ја користел за возење на мигранти на територијата на Република Хрватска и Република Словенија.
– Фалсификуваната дозвола била пронајдена кај пријавениот при претрес за друго кривично дело во државата, за што подоцна во истражна постапка од полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека е фалсификат, соопштија од МВР.