Кривична пријава против 18-годишник и малолетник, предизвикале пожар во објект во скопската чаршија

Кривична-пријава-против-18-годишник-и-малолетник-предизвикале-пожар-во-објект.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот Б.А. од село Студеничани, скопско и малолетник од село Моране, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”, извести МВР.


– По преземени мерки и активности било констатирано дека пријавените на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје предизвикале пожар во угостителски објект. На 06.09.2023, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата, при што кај малолетникот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, соопшти МВР.

Малолетникот бил лишен од слобода и ќе биде изведен пред судија, додека за Б.А. се преземаат мерки за пронаоѓање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK