Краделе добиток и работни машини, МВР приведе крадци од Боговиње

ovca.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во селото Долно Палчиште, општина Боговиње, полицијата го приведе И.С.(43) од селото Селце Кеч, општина Боговиње, а во 17.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, приведен е С.Ш.(42), од истото село.


Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на подрачјето на Гостивар и општина Врапчиште, каде што одзеле добиток и разни видови на работни и други машини., објави МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK