Крадец упаднал во куќа во Штип, сопственикот го забележал и дошло до пресметка

mvr-kradec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата приведе 33-годишен штипјанец поради разбојничка кражба.


Тој бил затекнат во куќата на Л.П. во Штип, при што одзел пари, накит и други предмети.

„Откако бил забележан од сопственикот, тој се обидел да побегне и започнал физичка пресметка со него. Ј.Т. бил задржан во полициска станица и кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK