Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица


policija-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица.


Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок-Тетово, во село Мала Речица, патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од Косово, удрило во полицискиот службеник С.А.(26) од село Шипковица, тетовско, кој вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода.

Притоа, со повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK