Казнети се 553 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што денеска соопштија од МВР, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 269 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.