Казни за 271 возач, возеле над дозволеното

Казни-за-271-возач-возеле-над-дозволеното.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.


Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 150 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK