Казни за 249 возачи во Скопје, 71 за брзо возење

234-санкции-за-брзо-возење.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 249 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 71 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 12 мерки за користење на мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK