Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 23 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.