Вчера во близина на браната Паљурци, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода 22-годишниот А.Н. и 28-годишниот Р.А., двајцата од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.
– Во 13.55 часот на патот Дојран – Богданци, кај браната Паљурци, полициски службеници забележале како во патнички возила „опел“ и „ауди“, со скопски регистарски ознаки, влегуваат мигранти, по што тргнале по нив. Набргу, возилата застанале и возачите го напуштиле местото, а во близина на возилата биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, соопшти МВР.
По преземени мерки и активности, биле пронајдени А.Н. и Р.А. и биле лишени од слобода. За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.