Вчеравечер во 23 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот О.М. од тетовско село.
Тој четириесетина минути пред тоа, бил пријавен од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово, одземена му е ловечка пушка со 14 патрони и гасен пиштол, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.