­

Извршен увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на „Партизанска“, издадени наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата

slika-OJO-za-PR-10.12.2021.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.


Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван еден 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Таа се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на нереќата.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата. Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина. Исто така, јавниот обвинител издава наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK