Измамена скопјанка за сума од 10.000 евра: и се јавиле на телефон и кажале дека ќерка и имала сообраќајка

evra.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје, 77 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето и се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка, наводно, учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција.

Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан немало и дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK