Вчера во 16.20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, на делницата од село Марвинци кон село Удово, атар на село Марвинци, валандовско, 44-годишниот С.К. од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.