Вчера попладне во 14.40 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Чечева кривина“ во село Владимирово, беровско, настанал пожар, при што биле зафатени една нива и викенд куќа, сопственост на Ј.А. од Скопје, извести МВР.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.