Од МВР велат дека запалено возило во подземниот паркинг било причината поради која се активирал алармот во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје и беше наредена евакуација на вработените и посетителите..
„Денеска во 13.42 часот е пријавено дека во ТЦ „Ист Гејт мол“ се вклучиле противпожарните аларми, при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано. Утврдено е дека станува збор за запалено возило „рено лагуна“ во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.
Од трговскиот центар соопштија дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен.
„Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, објавија од „Ист Гејт“.