Искршиле излог и украле сеф па со мотоцикл побегнале: кражба во Скопје

Син-си-го-убил-таткото-во-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска околу 03 часот во Скопје, на подрачјето на Бутел, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(18) од Скопје.


Тој претходно со уште едно лице со тврд предмет искршиле излог од објект- експозитура на правно лице, по што влегле и одзеле сеф, а потоа со мотоцикл го напуштиле местото на настанот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје презеле соодветни мерки и активности и ги лоцирале двете лица додека се движеле со мотоциклот, а кога им се приближиле, едно од лицата го фрлило сефот кон полициското возило.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK