Иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Вевчани и за лице кое четири пати по ред било именувано за в.д. директор на општинско јавно претпријатие

DKSK
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница одлучи да поднесе иницијатива до ОЈО Струга за поведување кривична постапка за злоупотреба на службената положба кон градоначалникот на општина Вевчани и за несовесно работење во службата за лице кое прифатило четири пати по ред да биде назначено за вршител на должност директор во локалното јавно претпријатие.

Иницијативата за кривично гонење е поднесена, бидејќи од градоначалникот на општина Вевчани четири пати по ред за вршител на должноста директор на јавно претпријатие е именувано исто лице. Лицето, пак, е одговорно зашто го прифатило тоа.


Целата постапка со назначувањето, како што беше истакнато на денешната седница на ДКСК, е проверена и е докажана, а Комисијата побарала да постапи и трудов инспектор. Беше посочено дека е виновен тој што именува, но и лицето што прифатило да биде именувано спротивно на законот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK