Градоначалник трошел општински пари за време на избори, доби кривична пријава

Платил-за-да-му-обезбедат-документи-за-работа-во-Словачка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение  за сторено кривично дело – противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори, по член 165-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.


„Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK