Градел без документација во Гостиварско: двајца приведени, одземени и градежни машини


policija-niva.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во содејство со градежни инспектори од општина Гостивар, извршија увид во с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на државно земјиште“ и „бесправно градење“.


При контролата, констатирано е дека на местото викано „Рудина“ е започната градба на објект без соодветна документација на земјиште во државна сопственост, а инвеститор е Ш.С.(39) од с.Форино.

На местото се затекнати изведувачот Б.Р.(40) и повеќе работници, при што двајца државјани на Република Албанија, Е.О.(33) и Д.О.(49) се приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој во државата и се задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Привремено се одземени и градежни машини пронајдени на терен. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK