Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З. (28) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според информациите, во февруари и март 2026 година пријавениот во три наврати телефонски и лично упатувал закани кон неговата поранешна сопруга.
Во еден од случаите, како што соопшти полицијата, тој се обидел и физички да ја нападне.