Ноќеска четириесетина минути по полноќ, полицијата го приведе 51-годишниот гостиварец Б.А..
Претходно, тој бил пријавен од неговата 36-годишна вонбрачна партнерка дека во нејзиниот дом во Гостивар физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува поднесок.