Го удриле со возило, па нападнале мотоциклист и му нанеле тешки повреди во Охрид

motociklist.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д.М. од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди“, удрил во мотоцикл што го управувал Љ.Ѓ.(47) од Охрид.


Веднаш потоа, Д.М., заедно со Д.Ј. од охридското село Косел и В.М. од селото Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK