Фудбалер на „Брера“ нападна играч од „Тиквеш“ по вчерашниот натпревар

Screen-Shot-2020-08-17-at-11.22.38-AM.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалер од ФК „Брера“ од Струмица нападна играч на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци, по вчерашнниот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.


Фудбалерот е приведен, а според информациите од МВР се работи за Ѓ.И.(28) од Република Србија.

„По завршување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК „Тиквеш 1930“ од Кавадарци и ФК „Брера“ од Струмица, одигран на Градскиот стадион во Кавадарци, Ѓ.И. – играч на ФК „Брера“, физички го нападнал Д.К.(32) од Прилеп – играч на ГФК „Тиквеш““, информираа од полицијата.

По документирање на настанот против Ѓ.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK