Вчера во село Злетово, пробиштипско и во Пробиштип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР штип, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Делчево, ОВР Виница ги лишија од слобода 34-годишниот М.А. од село Злетово, 23-годишниот К.Т. од Пробиштип и 30-годишниот К.А. од село Злетово.
При претрес во домот на М.А. во Злетово, узвршен со судска наредба, пронајдени се и одземени грутчеста материја и една дробилка. При претрес во домот на К.Т. во Пробиштип, извршен, исто така, со судска наредба, пронајдена е марихуана.
И во домот на К.А. во Злетово, со судска наредба е извршен претрес без негово, но со присуство на неговите родители, пронајдени се и одземени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, една дробилка со остатоци од марихуана и предмети со остатоци марихуана. Додека траел претресот во неговиот дом, тој со возило дошол пред дворот, по што е лишен од слобода.
Против тројцата е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на К.А. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.