Вчера, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на 19-годишниот М.С. од Скопје, на подрачјето на Гази Баба.
При претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.