Вчера во 16.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од улицата „11-ти Октомври“, улицата „Генерал Васко Карангелески“ и улицата „Крушевска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(43) и мопед без регистарски ознаки, управуван од М.Ѓ.(38), двајцата од Прилеп, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ѓ., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.