Фатен крадец на цркви

1693489789_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовската полиција денеска околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го приведе 53-годишниот Т.Б. од Штип.


Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела.

Мажот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK