Фатен бегалец од КПУ Затвор Куманово

Кривична-против-двајца-затворски-полицајци-од-Струмица-му-овозможиле-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер околу 22.30 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот А.А. од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, извести МВР.


Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK