Денеска, во 02.15 часот во Полициската станица Центар од страна на чувар во угостителски објект на улицата „Народен фронт“ било пријавено дека околу 01.50 часот во објектот слушнал експлозија, по што настанал пожар, со кој бил зафатен инвентарот на објектот, извести МВР.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.