Завчера во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на отворените сепарации – каменоломи, се случила сообраќајна несреќа.
Во неа учествувале две патнички моторни возила: „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот тетовец Б.Б и „фолксваген пасат“ со гостиварски ознаки што го управувал 34-годишниот гостиварец Е.Х. од гостиварско Дебреше.
Во несреќата, возачот на возилото „голф“ Б.Б. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од возилото „пасат“ С.С.(33) од Гостивар со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.