Две жени затекнати како питачат во Тетово, едната со две мали деца – aкција на МВР и Центарот за социјални работи


Посебен-сообраќаен-режим-во-Тетово-поради-престој-на-висока-странска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на 11 ноември, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Центарот за социјални работи, спровеле акција за сузбивање на питачењето на подрачјето на градот.


Акцијата се одвивала од 11 до 16 часот, а при контролите биле затекнати две жени кои питачеле на јавни места.

Околу 12:20 часот, на кружниот тек кај улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ била затекната Н.Ф. (42) од Тетово, додека нешто подоцна, околу 12:50 часот, на улицата „Илинденска“ полицијата ја затекнала М.Д. (19) од Кочани, која питачела заедно со своите две малолетни деца, на возраст од четири и една година.

Жените и децата биле преземени од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK