Две жени кои пешачеле се здобиле со тешки повреди во одделни сообраќајни незгоди вчера во Скопје.
Од МВР информираа дека вчера околу 10 часот на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, автомобил управуван од Т.А.(44) удрил во 74-годишна жена (Н.Ј.) од Скопје.
Шест часа посоцна, на улицата Бранко Заревски во Драчево, автомобил управуван од Г.С.(51) удрил во 64-годишната С.Л.од Скопје.
Двете жени биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и општата болница „Свети Наум Охридски“ каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Изрешен е полициски увид.