Две возила во одвоени случаи се запалиле во движење на исто место на патот Штип-Скопје

FotoJet-29.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 15.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, на наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило ,,форд фиеста“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Пробиштип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.



Неколку часа подоцна, околу 18.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопат Скопје – Штип, пред наплатната станица Преод, во движење настанал пожар и на патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(20) од Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK