Две возила и мотоцикл зафатени во пожар во Хиподром: женско лице вдишало чад


pozarna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска (14.07.2025) во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Хиподром настанал пожар во гаражен простор во склоп на зграда, во кој биле зафатени патничко возило „мерцедес“, патничко возило  „бмв“ и мотоцикл „беверли“, сите со скопски регистарски ознаки и сите сопственост на А.С.(32) од Скопје.


Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од страна на станарите на едно женско лице му била пружена лекарска помош поради вдишување на чад.    

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK