­

Две лица пренесувале амфетамин од Скопје до Гевгелија


Претрес-во-Велес-пронајдена-дрога.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По претходен договор и заедно, тие на 17 март во возило фолксфаген голф со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија превезувале психотропна супстанција амфетамин во вкупна количина од 1.491 грама, соопшти вечерва Јавното обвинителство.


Амфетаминот, информира Министерството, се нафатиле да го пренесат за трето лице по кое се трага, за сума од 300 евра. Пратката во три најлонски пакувања ја презеле од локација во Аеродром и ја сокриле под хаубата на автомобилот.

Со себе ја зеле и девојката на второосомничениот за која е поведена постапка за – Непријавување кривично дело или сторител од член 364 став 2 од Кривичниот законик. Возејќи кон Гевгелија и кон локацијата на која требало да го остават амфетаминот, биле запрени од полициски службеници пред наплатната станица во близина на селото Смоквица. Поради претходни оперативни сознанија, обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и извршен претрес на возилото, при што била пронајдена психотропната супстанција.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK