Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија


soobrakajka45.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден.


Првата се случи на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото викано „Голема кривина Макази.

Се судриле три возила, а Г.А. (47) од Ресен загинал на лице место. Повредени се двајца луѓе.

Втората несреќа се случила синоќа околу полноќ, кога животот го загубило 34-годишно лице од Штип (М.Т.), кое било сопатник. Автомобилот во кој се наоѓал излетал од патот Штип-Карбинци, а возачот се здобил со тешки повреди.

Телата на починатите се на обдукција, а надлежните извршија увид.

(Фото: илустрација)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK