Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на отворените сепарации (каменоломи) се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.
Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.